• сабота, 21 декември 2024

Џулијан Мур на чело на жирито на Фестивалот во Венеција

Џулијан Мур на чело на жирито на Фестивалот во Венеција

Лос Анџелес, 21 јули 2022 (МИА) - Американската глумица Џулијан Мур ќе го предводи жирито на Филмскиот фестивал во Венеција во септември, објавија организаторите денеска.

Мур, која доби „Оскар“ за улогата во „Сѐ уште Алис“ (Still Alice) од 2014 година, ќе раководи со шестчленото жири на 11-дневниот настан на гламурозниот остров Лидо. Во жирито годинава ќе доминираат режисери - Аргентинецот Маријано Кон, Леонардо ди Костанца од Италија, Родриго Сорогојен од Шпанија и Французинката Одри Диван. Диван лани го освои „Златниот лав“ за филмот „Настан“, којшто се занимава со абортусот. Во жирито ќе бидат и иранската глумица Лејла Хатами и јапонско-британскиот сценарист Казуо Ишигуро. Филмскиот фестивал во Венеција е најстариот во светот и еден од најпрестижните, заедно со оние во Кан и Берлин. Годинашното 79-то издание трае од 31 август до 10 септември.  си/

Остани поврзан