• петок, 22 ноември 2024

Џуди Денч е највозрасната жена на насловната страница на британски „Вог“

Џуди Денч е највозрасната жена на насловната страница на британски „Вог“
Лос Анџелес, 5 мај 2020 (МИА) - Глумицата Џуди Денч е највозрасната жена која кога било се нашла на насловната страница на британското списание „Вог“. Денч позираше за јунското издание на модното списание, во цветна кошула. Оскаровката вели дека не планира да се пензионира ниту по скоро 60 години долгата кариера. Таа е во својата деветта деценија од животот. Во интервјуто, таа се осврнува и на пандемијата... - Сигурна сум дека се чувствувам како и сите други кои се во изолација. Вакви невидени времиња е прилично тешко да се разберат. Добра работа е што луѓето стануваат свесни за неволјата на другите луѓе, кои се потполно сами. Ако од ситуацијава произлезе доволно добрина, тоа ќе биде прекрасна работа, нагласи Денч. Нејзина последна улога беше во филмската преработка на мјузиклот „Мачки“ од 2019 година, а за годинава се најавени четири филма со неа. си/ми/

Остани поврзан