• петок, 22 ноември 2024

Џорџ Клуни раскажа како и зошто им дал по милион долари на 14 негови пријатели

Џорџ Клуни раскажа како и зошто им дал по милион долари на 14 негови пријатели
Лос Анџелес, 18 ноември 2020 (МИА) - Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни еднаш им подарил, како изненадување, милион долари во готово на 14 негови пријатели. Еден од долгогодишните пријатели на глумецот, Ренди Гербер пред три години раскажа за овој негов необичен потег, а Клуни сега појасни што претходело и како се случило тоа... Тој една вечер ги поканил своите најблиски пријатели на вечера. Тоа се случило септември 2013 година, непосредно пред премиерата на филмот со Клуни - „Гравитација“. Филмот, односно распродажбата на премиерата завршила како „многу добра зделка“ за него, оти бил платен врз основа на процентот на приход од киноблагајните, како и неговата колешка во кинохитот - Сандра Булок. Скоро во истовреме, тој ја запознал и својата идна сопруга Амал, иако сѐ уште не биле во врска. А, немал поблиско семејство. Сепак, решил да прослави со тие што му биле како семејство... - Си помислив, сѐ што имам, се овие момци кои, сите во последниве 35 години, ми помогнале на еден или друг начин. Спиев на нивните каучи кога ми беше тешко... Ми позајмија пари кога немав... Ми помогнаа токму тогаш кога ми требаше помош во минатото. Па. и јас им помагав, раскажува Клуни за „Џи-кју“. Следниот филм кајшто Клуни ќе се појави е драмата „Полноќно небо“ (The Midnight Sky), закажан за 23 декември годинава. си/ссм/

Остани поврзан