• понеделник, 23 декември 2024

Џонсон и Џонсон: Продолжуваме со дистрибуција на вакцината против Ковид-19

Џонсон и Џонсон: Продолжуваме со дистрибуција на вакцината против Ковид-19
Вашингтон, 21 април 2021 (МИА) - Џонсон и Џонсон потврдија дека ќе продолжат да ја дистрибуираат својата вакцина против Ковид-19 во Европа и оти ќе ја исполни обврската за испорака на 200 милиони дози во Европа и 100 милиони во САД. Одлуката уследи откако Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера објави дека е пронајдена можна поврзаност помеѓу вакцината на Џонсон и Џонсон и ретките случаите на згрутчување на крвта, но бенефитот од вакцинирањето останува поголем од ризиците. ЕМА препорача во упаството за употреба на вакцината на Џонсон и Џонсон да има предупредување дека вакцината може да предизвика згрутчување на крвта. Џонсон и Џонсон објави дека на пакувањето на вакцината против Ковид-19 ќе има предупредување за ретки несакани ефекти, како и упатство како да се препознае и да се лекуваат. Компанијата наведе дека ќе почне со дистрибуција на вакцините во Европска Унија, Во Норвешка и во Исланд, како и дека повторно ќе почне со клиничко испитување на вакцината. Во САД се очекува в петок здравствените власти да дадат препорака за повторна употреба на вакцината на Џонсон и Џонсон, откако вакцината беше привремено суспендирана по појавата на тромбови кај шест жени и еден смртне случај. ми/

Остани поврзан