• понеделник, 23 декември 2024

Џонсон: Без референдум во Шкотска во блиска иднина

Џонсон: Без референдум во Шкотска во блиска иднина
Лондон, 27 февруари 2021 (МИА) - Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон ја отфрли можноста за одржување референдум за независност во Шкотска во блиска иднина. Владин извор наведува дека фокусот на британската Влада мора да биде насочен кон борбата против пандемијата, објави „Дејли меил“. - Политичарите во Велика Британија треба да се фокусираат на борба против пандемијата. Треба да работиме заедно за да го победиме Ковид-19 и да изградиме подобра иднина. Искрено, не ја гледам поентата на референдум во блиска иднина, особено сега, а треба да ја водиме земјата напред кон подобра иднина, рече Џонсон. Шкотска одржа референдум во 2014 година, но 55 отсто од населението гласаше за останување во Велика Британија. паг/  

Остани поврзан