• понеделник, 09 февруари 2026

Џони Деп ќе се појави во главната улога во филмот „Ебенизер: Божиќна приказна“

Џони Деп ќе се појави во главната улога во филмот „Ебенизер: Божиќна приказна“

Вашингтон, 9 февруари 2026 (МИА) - На интернет се појавија фотографии на кои актерот Џони Деп Деп е речиси непрепознатлив. Тој е  целосно избричен, со изразено седава коса и впечатлива шминка која го прави значително постар, додека протетиката на носот дополнително ги променила цртите на неговото лице.

Целосната трансформација е поради главната улога во филмот „Ебенизер: Божиќна приказна“ (Ebenezer: A Christmas Carol).

Новата адаптација на прочуената приказна за Дикенс е потпишана од режисерот Тај Вест, а љубителите на филмот со нетрпение го очекуваат легендарниот лик Ебенизер Скруџ, кој пред неколку децении остави силен белег во филмската историја, во улога на Џони Деп. мв/миа/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан