• петок, 22 ноември 2024

Џоломарите од кавадаречко Бегниште со одобрени финансиски средства од Општината и државата за промовирање на џоломарството 

Џоломарите од кавадаречко Бегниште со одобрени финансиски средства од Општината и државата за промовирање на џоломарството 

Кавадарци, 18 април 2024 (МИА) - Џоломарите од кавадаречко Бегниште  добија финансиски средства од Општината и државата за промовирање на џоломарството како долгогодишна традиција во овој крај.  

- Се работи за стар ритуал, со ќулафки, грпки, исцрнети лица, клопотарци и бастуни, се бркаат лошите духови и се прави место за добрите нешта. Општината ни доделува пари врз основа на програмата за развој на невладиниот сектор. Поддршка добивме и од Министерството за култура, согласно конкурсот за финансирање проекти од национален интерес од областа на музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство за 2024 година, појасни попладнево претседателот на џоломарската група Орданче Лазаров за МИА. 

Тој нагласи дека расте интересот кај домашни и странски туристи да бидат дел од традицијата на регионот и да ја почувствуваат магијата на џоломарството. Истовремено, џоломарската група има свои настапи на бројни карневали во земјава и странство. Неодамна настапија во Бугарија и Италија. свд/мд/

Фото: МИА архива
 

 
 

 

Остани поврзан