• понеделник, 04 ноември 2024

Џими Кимел четврти пат водител на „Оскарите“

Џими Кимел четврти пат водител на „Оскарите“

Лос Анџелес, 16 ноември 2023 (МИА) - Комичарот Џими Кимел четврти пат ќе биде домаќин на Доделеувањето „Оскари“, објавија вчера организаторите на најпрестижната свеченост во Холивуд.

- Отсекогаш сум сонувал четири пати да бидам домаќин на „Оскарите“!, се пошегува 56-годишниот американски глумец и водител на „Шоуто на Џими Кимел“. 

Тој беше водител во 2017., 2018. и оваа 2023 година. Следното, 96-то доделување ќе се одржи на 10 март 2024 година.

„Џими се етаблира како еден од најголемите водители на 'Оскарите' на сите времиња благодарение на неговиот совршен спој на добрина и хумор“, изјавија извршните продуценти на годишната манифестација, Раџ Капур и Кети Мулан, поздравувајќи ја веста.

Оскарите веќе неколку години имаат ниска гледаност, а еден од начините да се врати преносот „во златното доба“, кога го гледаа 50 милиони гледачи - е лице како Кимел, сметаат одговорните.

Овојпат доделувањето на престижната филмска награда ќе се одржи во време кога Холивуд закрепнува по шестмесечниот застој поради штрајкот на сценаристите и глумците. Овој штрајк, каков што не е забележан од 1960 година, поттикна големи тензии меѓу филмските студија и филмските работници, потпалени и од стрим-услугите, како и од новостите со вештачката интелигенција во индустријата.  си/

Фото: ЕПА

Остани поврзан