• понеделник, 23 декември 2024

Џејсон Присли прозборе за Шенен Доерти и нејзината битка со ракот

Џејсон Присли прозборе за Шенен Доерти и нејзината битка со ракот
Лос Анџелес, 24 септември 2020 (МИА) - Глумецот Џејсон Присли во последното интервју во австралиската емисија „Студио 10“ говореше за здравствената состојба на Шенен Доерти и нејзината борба со ракот. Во февруари, неговата колешка од серијата „Беверли Хилс“ објави дека ракот на дојките ѝ се вратил и сега се соочува со четврта фаза на канцер. Присли вели дека ѝ се јавува секои 2-3 месеца, за да ја чуе како е... - Шенен е силна девојка, отсекогаш била борец. Знам дека таа ќе продолжи да се бори онака како што умее. Последниот пат кога се слушнавме, таа беше во доста добро расположение, вели глумецот. си/паг/

Остани поврзан