• петок, 22 ноември 2024

Џејн Фонда на насловната страница на полски „Вог“

Џејн Фонда на насловната страница на полски „Вог“
Лос Анџелес, 30 септември 2021 (МИА) - Џејн Фонда, филмска и телевизиска sвезда која оваа година ќе полни 84 години, се појавува во октомврискиот број на „Вог“, на изданието за Полска. Насловот гласи „Храброст“, а минале точно 62 години откако таа првпат ја красеше насловната страница на култното модно списание. Фонда избра елегантна, целосно црна комбинација за новата насловна страница - блуза и панталони надополнети со шешир, кожен ремен и златен капут. Двократната добитничка на „Оскар“ вели дека е возбудена што ја споделува фотографијата со своите следачи на Инстаграм, припишувајќи заслуги за нејзиниот изглед на стилистката Мери Игнасио, фризерот Џонатан Ханусек и шминкерот Дејвид де Леон. Фонда првпат се најде на насловната страница на „Вог“ во јули 1959 година. Таа инаку, неодамна објави и книга со наслов „Што можам да направам? Патот од климатски очај до акција", која стана дел од многу книжевни клубови. Покрај тоа, глумицата во моментот е актуелна со седмата сезона на комедијата „Грејс и Френки“ на Нетфликс, во која таа ја глуми главната улога, заедно со Лили Томлин.  си/паг/

Остани поврзан