• среда, 03 јули 2024

Џејмс: Лејкерси сè уште имаат проблеми со ростерот и ние треба да се подобриме

Џејмс: Лејкерси сè уште имаат проблеми со ростерот и ние треба да се подобриме

Лос Анџелес, 26 декември 2023 (МИА) – Најголемата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс проговори за проблемите на тимот. Лејкерс синоќа загубија од Бостон селтикс во божиќниот натпревар (115:126).

- Во оваа фаза имаме проблеми со тимот, има и повреди. Сè уште не сме во состојба во која би сакале да се натпреваруваме со врвните тимови. За да го направите ова, треба да стануваме се подобри и подобри, да работиме на различни работи, да играме заедно. Се обидуваме да откриеме како сакаме да нападнеме. Но, ќе се подобриме, вели Џејмс.

Леброн постигна 16 поени, девет скока и осум асистенции. 

Лејкерси имаат шест порази во осум меча по освојување на трофејот во НБА Купот пред 15 дена. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан