• петок, 05 декември 2025

Џејлен Вилијамс подготвен да се врати на теренот

Џејлен Вилијамс подготвен да се врати на теренот

Оклахома сити, 28.ноември 2025 (МИА) – НБА првакот Оклахома Сити со речиси перфектниот старт на сезоната ќе добие и ново име во ростерот. На почетокот на сезоната Оклахома Сити има скор од 18 победи и еден пораз.

Но, екипата ќе биде дополнително „засилена“ откако од клубот објавија дека Џејлен Вилијамс повторно ќе биде во составот по повредата. Тој досега нема одиграно ниту еден натпревар, па затоа враќањето на терен на Вилијамс треба да претставува голем плус за Оклахома.

Вилијамс (24 години) има просек од 21,6 поени по натпревар, а беше дел и од втората дефанзивна петорка на лигата. Во финалето против Индијана имаше просек од 23 поени по натпревар.

Во јули годинава Вилијамс потпиша петгодишен договор вреден 287 милиони долари. Неговото враќање на теренот се очекува на вечерашниот дуел Оклахома и Феникс. Мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан