• сабота, 23 ноември 2024

Џејк Џиленхол - момче за секого

Џејк Џиленхол - момче за секого
Лос Анџелес, 12 мај 2020 (МИА) - Како и целиот свет, така и глумецот Џејк Џиленхол се бори со здодевноста. Но, како и скоро сите ѕвезди периодов, и тој се обидува да ги забавува своите следачи. „Еве зошто Џејк Џиленхол е момче за секого што е во самоизолација“, прокоментира Андреја Вурцбургер, колумнистка на „Пипл“, која притоа призна дека самата таа е во искушение и недоумица околу тоа - дали да му пише на поранешното момче, или да се впушти во поинтензивни интернет-состаноци. Имено, на задоволство на обожавателките и обожавателите, негативецот од последниот „Спајдермен“ филм објави слика од себе во миг на акробација „стој-на-раце“. Намерно или не, неговата широка маица, некако, токму во тој миг падна надолу, што сликата ја направи уште поголем хит. „Џејк Џиленхол не ми е момче... Но, кога си сингл - па дури и ако не си, тој ќе ја пополни празнината голема колку едно момче, во секое наше срце“, додава Вурцбургер.  си/сд/

Остани поврзан