• вторник, 24 декември 2024

Џесика Алба околу тоа - зошто се оттргнала од актерството?

Џесика Алба околу тоа - зошто се оттргнала од актерството?
Лос Анџелес, 26 март 2021 (МИА) - Џесика Алба проговори за својата одлука малку да се оттргне и повлече од глумата откако 2008 година го роди своето прво дете. Имено, таа во ново интервју за „Ромпер“ појаснува дека не избегала од Холивуд, туку сега има здраво и среќно семејство и поинакви приоритети во животот. - Мајка ми имаше рак на многу рана возраст, во нејзините 20-ти години. Јас пораснав со хронична болест... Имав пет операции пред 11-та година... Го имав овој вистински миг, па сега сакав да живеам и да напредувам и да минувам што е можно повеќе време со оваа мала личност што ја воведувам во светот и да останам со неа. Значи, нашето здравје е важно. Сакам оваа мала личност да биде здрава. И навистина е „излудувачко тешко“ да си среќен кога го немаш своето здравје, вели таа. Алба сега е мајка на три деца, па има и поинаков поглед и на животот и на нејзината кариера уште откако го родила првото. - Мојата мотивација веќе не беше - „Дали некогаш ќе се вработам повторно?“ Искрено, тогаш бев на врвот на мојата кариера... Не можев да се вратам на она што го правев претходно и пак да бидам автентична. Едноставно, не можев. Не ми беше грижа за тоа на ист начин како претходно, додава глумицата. Загриженоста за здравјето и благосостојбата на нејзините деца доведе дури до раѓање на „Искрено друштво“ (Honest Company) - брендот на производи за широка потрошувачка на Алба, кој обезбедува еколошки производи за бебиња и производи за чистење без хемикалии. Се почна со пелена што таа ја пушти во продажба 2012 година. Сега, брендот има разни други понуди. Следниот филм каде што Алба ќе глуми, е трилерот „Истрел за предупредување“ (Trigger Warning) којшто е во претпродукција.  си/сд/

Остани поврзан