• понеделник, 23 декември 2024

Џенифер Лопез и Бен Афлек викендов го слават нивното венчавање

Џенифер Лопез и Бен Афлек викендов го слават нивното венчавање
Лос Анџелес, 19 август 2022 (МИА) - По цел месец откако си го кажаа официјалното „да“, Џенифер Лопез и Бен Афлек ќе направат голема тридневна свадба за своето семејство и пријателите. Познатата двојка викендов ќе ја одржи прославата. Нивната „интимна забава за семејството и пријателите“ ќе почне вечерва со посебна вечера, главната свеченост е закажана за утре, а викендот в недела ќе заврши со скара. Сѐ тоа ќе се одржи на имотот на Афлек во Рисборо, Џорџија, САД, а на списокот гости на славниот пар се Мет Дејмон, Џими Кимел, Кејси Афлек, Дреа де Матео и други познати личности. Се очекува Џенифер да облече и венчаница на „Ралф Лорен“, за којашто претходно навести дека ќе биде фустан што го носела во еден од нејзините филмови. Пејачката ден по венчавката што се одржа на 16 јули потврди дека станала г-ѓа Афлек. „Го направивме тоа. Љубовта е убава. Љубовта е пријатна. И, излегува дека љубовта е трпелива - 20 години нѐ чекаше“, напиша Џенифер. Лопез, исто така, рече дека има намера да го користи презимето Афлек, кое го навела на нејзината дозвола за брак во Округот Кларк, па и се потпишала како „Џенифер Лин Афлек“.  си/

Остани поврзан