• понеделник, 23 декември 2024

Џенифер Гарнер и момчето се „прилично блиски“, како и нивните семејства

Џенифер Гарнер и момчето се „прилично блиски“, како и нивните семејства
Лос Анџелес, 29 јули 2022 (МИА) - Џенифер Гарнер го чува својот љубовен живот далеку од очите на јавноста, но според упатените, таа и нејзиното момче Џон Милер се „прилично блиски“, како и нивните семејства, вели неименуван извор за „Ју-ес викли“ (Us Weekly). Гарнер и Милер не живеат заедно и само минуваат по некоја ноќ еден кај друг, според наводите, а тие двајца имаат навика и да заминуваат на „тајни бегства“ на егзотични места, вклучително и Њујорк и Италија. „Двојката ја одржува својата врска многу скриена од јавноста, а кога станува збор за ноќите за состаноци, тие се среќаваат едни со други во своите куќи - било тоа за ’брза чаша вино’, вечера или ’тивок состанок‘, далеку од љубопитните очи на обожавателите“, нагласува неименуваниот пријател. Гарнер почнала да се забавува со бизнисменот на почетокот на 2018 година и беа забележани на неколку состаноци. Наводно, накратко се разделиле во 2020 година, но сега повторно се заедно... „Таа се запозна и се дружи со децата на Џон и целото негово семејство, дури и за специјални настани, како родендени - сите се собираат“, додаде анонимниот пријател. Во овој миг, децата на Гарнер се во Париз со татко им Бен Афлек, на „медниот месец“ со неговата нова сопруга Џенифер Лопез. Пејачката ги понесе и своите деца на патувањето. Сѐ тоа, околу една недела по изненадувачката венчавка на Афлек и Лопез во Лас Вегас.  си/

Остани поврзан