• петок, 22 ноември 2024

Џенифер Анистон и Адам Сендлер повторно заедно во комедија

Џенифер Анистон и Адам Сендлер повторно заедно во комедија
Лос Анџелес, 19 август 2021 (МИА) - Режисерот Џереми Гарелик потврди дека ќе го снима продолжението на „Мистериозно убиство“, хит-акционата комедија од 2019 година. Џенифер Анистон и Адам Сендлер ќе ги повторат своите улоги и во вториот дел. Филмот ќе се снима во Париз и на Карибите. Ликовите на Анистон и Сендлер, следејќи ја оригиналната приказна, се брачна двојка на патување во Европа. Таму се случува мистериозното убиство, за кое се осомничени токму сопружниците.  си/ми/

Остани поврзан