• петок, 22 ноември 2024

Џафери: Седницата за уставните измени стои отворена за да се даде простор за одлука во интерес на граѓаните

Џафери: Седницата за уставните измени стои отворена за да се даде простор за одлука во интерес на граѓаните

Скопје, 30 октомври 2023 (МИА) - Седницата за уставните измени стои отворена за да се даде простор да се донесе одлука во интерес на граѓаните, истакна вечерва претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Според него, процедурите дозволуваат седницата за гласање на уставните измени да стои отворена се додека не се обезбедат потребните гласови.

-Нема за тоа рок кога треба да се затвори. Може да се затвори веднаш, тоа е најлесно, но што ќе добиеме со тоа. Вака даваме простор на сите добро да размислат и да донесат одлука во интерес на граѓаните, а не во интерес на партијата и парламентарните избори кои следат, рече Џафери во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ 21.

Во однос на посетата на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и нереализирање на средбата со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Џафери оцени дека „се работи за политиките на европските институции“.

-Тоа е друго прашање, тоа е политичко прашање на европските институции и не сакам ни да го коментирам, вели Џафери.лв/

 

фото:Принтскрин

Остани поврзан