• петок, 22 ноември 2024

Џафери: Рамазан бајрам нека биде поттик за правење добри дела

Џафери: Рамазан бајрам нека биде поттик за правење добри дела
Скопје, 13 мај 2021 (МИА) - Овој празник кој е посветен на милоста, љубовта и меѓусебното опростување, нека донесе полни срца и ум со убави и позитивни мисли и нека биде тоа поттик за правење на добри дела кои уште повеќе ќе ни ги облагородат душата и телото, напиша претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери во честитката по повод верскиот празник Рамазан бајрам. - За празниците се споделува со блиските, со далечните, со познатите и непознатите, меѓутоа, овие години на пандемија наметнаа поинакви правила и го смалија кругот на луѓето со кои сме опкружени, сепак, тоа не не спречува да споделуваме убави зборови, да пружиме рака на поддршка и да бидеме од помош таму каде што има потреба. Понекогаш, дури и мала, но топла насмевка е сѐ што е потребно за да заживее вербата дека сите сме еднакви и имаме потреба од еднакви нешта. Пандемијата, иако не оддалечи физички, сепак го сплоти човештвото во справување со предизвиците што ги донесе со себе. Заедно, да растеме индивидуално и колективно врз темелот на взаемна почит, соработка кон постигнување на заедничките цели, кон нашата подобра иднина, се вели во честитката. бак/дма/

Остани поврзан