• недела, 22 декември 2024

Џафери: Не е исклучена можноста Кастриот Реџепи да остане дел од парламентарното мнозинство

Џафери: Не е исклучена можноста Кастриот Реџепи да остане дел од парламентарното мнозинство
Скопје, 11 ноември 2021 (МИА) - Не е исклучена можноста пратеникот од редовите на „Беса“, Кастриот Реџепи, да остане дел од парламентарното мнозинство, но сепак тоа ќе биде негова лична одлука, изјави вечерва претседателот на Парламентот Талат Џафери за Телевизија 21. - Ако изразите волја да бидете дел од мнозинството, тоа не можете да го исклучите, дури и во процедурална смисла тоа е предвидено бидејќи самиот пратеник поединечно се изјаснува со која група ќе дејствува. Ќе го поддржи мнозинството, ќе биде независен или во опозиција, рече Џафери. Тој најави дека до полноќ треба да ја заврши собраниската седница без разлика дали се присутни пратениците или не.
- Треба да чекам до 24 часот и на формален начин да се заврши денешниот ден, рече Џафери, додавајќи дека е можно од утре да се знае како ќе изгледа новото парламентарно мнозинство. фф/бак/
   

Остани поврзан