• сабота, 23 ноември 2024

Џафери: Нема никаков проблем да бидам кандидат за технички премиер

Џафери: Нема никаков проблем да бидам кандидат за технички премиер

Скопје, 12 декември 2023 (МИА) -  Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека предлогот тој да биде технички премиер во преодната влада е одлука на партиските органи и оти договорот е пржинската влада да се применува за изборите во 2016 година и последователно за сите наредни избори.

Џафери вечерва во гостување на ТВ 24 рече дека нема никаков проблем тој да биде номиниран за  функцијата технички премиер затоа што, како што истакна, Уставот е сепак над законот.

-Оставка на Влада подразбира одење на сите, а за техничка Влада за потребите на изборите се  примател на мадатот од претседателот ќе биде лице номинирано апропо уставната определба -  претставник на партија или партии кои во Собранието имаат мнозинство. Така што, не е спорно апсолутно затоа што словото на Уставот е над она што и да е и како и да е толкувањето на законот. Во овој случај се спроведува значи уставната категорија и определба дека партијата или партиите што имаат мнозинство во Собранието го номинираат мандатарот, рече Џафери.

Ако опозициската ВМРО-ДПМНЕ реши да ја бојкотира техничката влада, како што наведе, тоа е нивна одлука, но нема проблем да функционира владата.

Џафери рече дека нема да му биде проблем од позиција на премиер да седне со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, за да обезбеди присуство за да нема дамка на изборите. 

- Немам проблем да седнам со кој било учесник во политичкиот живот во државава кој има подготвеност да седне со мене, рече претседателот на Собранието.лв/цр

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан