• понеделник, 23 декември 2024

Џафери ги распиша локалните избори за 17 октомври

Џафери ги распиша локалните избори за 17 октомври
Скопје, 6 август 2021 (МИА) - Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ги распиша локалните избори, кои треба да се одржат на 17 октомври. Решението за распишување на изборите ќе биде доставено до Државната изборна комисија, како и до Министерството за надворешни работи и Министерството за правда. -Денес го потпишав решението за распишување на локалните избори за членови на советите на општините и Советот на градот Скопје, за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје. Според законските одредби, локалните избори ќе се одржат на 17-ти октомври  2021 година. Бидејќи изборната кампања почнува дваесет дена пред денот на одржување на изборите, во тој период Собранието нема да има пленарни и комисиски седници.На овој начин, им се овозможува на политичките партии и кандидати целосно да се посветат на изборната кампања, а во исто време да се одбегне можноста кампањата да се пресели во собраниската сала, потенцира Џафери. ир/бак/

Остани поврзан