• петок, 22 ноември 2024

Џафери - Бегај: Северна Македонија и Албанија се посветени на евроатлантските интеграции

Џафери - Бегај: Северна Македонија и Албанија се посветени на евроатлантските интеграции

Скопје, 15 април 2024 (МИА) - Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери, денеска  во Приштина имал средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, во рамки на учеството на Меѓународниот форум за жени, мир и безбедност.

Како што информира владината прес-служба, на средбата било изразено задоволство од континуираниот политички дијалог меѓу Северна Македонија и Албанија и од развојот на билатералните односи меѓу двете земји.

-Соговорниците ја нагласија двостраната посветеност кон добрососедските односи. Премиерот Џафери и претседателот Бегај на средбата посочија дека Северна Македонија и Албанија, како сојузници во НАТО, се подготвени за продлабочување на меѓусебната соработка, со цел поактивен придонес за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот и на евроатлантската заедница, се наведува во соопштението. 

Џафери и Бегај на средбата размениле мислења и за европските интеграции, како и за продолжување на реформските процеси во двете држави. хс/са/

Фото:  Влада на Република Северна Македонија

 

Остани поврзан