• понеделник, 23 декември 2024

Џастин Бибер објави пауза во музичката кариера

Џастин Бибер објави пауза во музичката кариера

Лос Анџелес, 7 септември 2022 (МИА) - Пејачот Џастин Бибер објави дека привремено ја прекинува својата веќе одложена турнеја „Justice World Tour“, поради здравствени проблеми. Музичарот, имено, на Инстаграм напиша дека шесте настапи во живо што ги направи откако му е дијагностициран синдромот Рамзи Хант на почетокот од оваа година „си го зеле данокот“.

„Минатиот викенд настапив на музичкиот фестивал 'Рок ин Рио' (Rock In Rio) и дадов сѐ од себе пред луѓето во Бразил“, вели Бибер и додаде дека „е погоден од исцрпеноста“.   По консултација со лекарите, семејството и тимот, пејачот ги извести обожавателите дека неговото здравје е, сепак, најважно. „Сега ќе се одморам од турнеите. Ќе бидам добро, но ми треба време да се одморам и оздравам“, напиша тој, им се заблагодари на своите фанови за поддршката, молитвите и убавите пораки и им порача: „Ве сакам сите многу!“ Турнејата на Бибер веќе беше одложена на почетокот на годинава бидејќи пејачот и членови на неговиот тим беа позитивни на Ковид-19. Светската турнеја почна во март. До март 2023 година беа закажани 70 концерти во Јужна Америка, Азија, Австралија, Нов Зеланд и Европа. Пејачот не објави кога би можел да се врати на сцената. Во јуни, канадскиот пејач откри дека му бил дијагностициран синдромот Рамзи Хант, којшто се одликува со парализа на дел од лицето. Поради опоравувањето, тој е принуден да ги откаже настапите до следното известување. Бибер стана поп-ѕвезда на 13 години со низа песни коишто бргу станаа светски хитови.  си/ссм/

Остани поврзан