• вторник, 17 декември 2024

Ќучук: Комисијата за надворешни работи на ЕП го усвои Извештајот за напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ

Ќучук: Комисијата за надворешни работи на ЕП го усвои Извештајот за напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ
Брисел, 4 март 2021 (МИА) - Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент ги усвои извештаите за напредокот на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, информира европратеникот и известувач за земјава Илхан Ќучук. Во изјава на Бугарското национално радио (БНР), Ќучук нагласи дека документите биле усвоени откако попладнево бил постигнат компромис околу Извештајот за земјава. Според Ќучук, во Извештајот за земјава била усогласена компромисна формулација дека „добрососедските односи се важен дел од преговарачкиот процес, дека Договорот со Бугарија мора целосно да се спроведе и дека тој игра клучна улога во регионалната соработка“. Европскиот парламент треба да се изјасни за извештаите за Северна Македонија и за Албанија на пленарната седница закажана за 25 март. сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан