• недела, 29 декември 2024

Ќе се реконструираат два моста преку ТАВ програмата во Крива Паланка

Ќе се реконструираат два моста преку ТАВ програмата во Крива Паланка

Крива Паланка, 5 декември 2023 (МИА) – Градоначалникот на Општина Крива Паланка го потпиша договорот за инвестиција во вредност од 14 милиони денари за реконструкција на два моста во централното градско подрачје.

Средствата се одобрени од Владата на Република Северна Македонија преку ТАВ програмата за реконструкција на т.н „Градечки мост“ и „Соларски мост“.

- Овие два моста во централното градско подрачје на општината добиваат модерен и урбан лик. Благодарение на Владата одобрена е нова инвестиција вредна 14.000.000 денари, обезбедени преку ТАВ програмата со што двата моста комплетно ќе го променат ликот на градот заедно со инвестицијата за изградба и проширување на централната градска улица за која со Министерството за транспорт и врски потпишан е меморандум пред два месеци, Крива Паланка добива комплетно разубавен и променет лик, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

За проектот „Проширување и рехабилатија на централна градска улица од населба Единство до Соларски Мост“ потпишан е меморандум со МТВ, инвестицијата е вредна 40 милиони денари, средства од Светска банка и Министерство за транспорт и врски.

Овој проект значи проширување на главната улица во централното градско подрачје и ќе помогне во намалување на сообраќајниот метеж. ид/ир

 

Фото: Општина Крива Паланка

Остани поврзан