• понеделник, 23 декември 2024

Ќерката на Мадона заштитно лице на „Сваровски“

Ќерката на Мадона заштитно лице на „Сваровски“
Лос Анџелес, 26 август 2021 (МИА) - Кампањата на познатата компанија за накит - „Сваровски колекција 2“, се сосредоточува на разновидноста и вклучувањето на „различното“... Така, Лурдес Леон се врати на модната писта, појавувајќи се меѓу другите како заштитно лице на „Сваровски“ на насловната страница на списанието „Вог“. Оттаму соопштија дека ќерката на Мадона е совршено лице за нивната кампања, заснована на платформа за „претставување луѓе од сите култури и со различна ориентација“. „Модел, глумица, лингвист, граѓански активист - Лурдес го отелотворува духот на ’Сваровски‘,“ се вели натаму во соопштението. Манекенката е ќерка на Мадона и Карлос Леон. Таа неодамна во Италија го прослави роденденот на својата позната мајка и со своите браќа и сестри. си/сд/

Остани поврзан