• петок, 22 ноември 2024

„Њујорк тајмс“ ја купи креативната интернет-игра „Wordle“

„Њујорк тајмс“ ја купи креативната интернет-игра „Wordle“
Њујорк, 1 февруари 2022 (МИА) - „Њујорк тајмс“ вчера објави дека компанијата ја купила популарната игра „Wordle“, која за само четири месеци откако се појави на Интернет доби милиони корисници, за неоткриена „сума од седум цифри“. Создадена од инженерот Џош Вордл, играта се состои од погодување збор од пет букви во шест обиди. Според весникот, играта пуштена во октомври на почетокот имала само 90 играчи. До почетокот на јануари, надмина 300.000 играчи, а сега милиони луѓе ја играат секој ден - делумно поттикнати од лесното споделување на резултатите без реклами. - Играта го направи тоа што многу малку игри го направија - ја освои нашата колективна имагинација и нѐ зближи, смета Џонатан Нејт, генерален менаџер на одделот за игри на „Њујорк тајмс“. Вордл, Британец во Њујорк, од своја страна, нагласи дека весникот „и нивните вредности се во согласност со неговите погледи“ за овие прашања и е возбуден што тие ќе ја водат играта во иднина. „Њујорк тајмс“, инаку, продолжува да вложува во нови производи, нудејќи посебна претплата за крстозбори и други игри со што надмина милион претплатници во декември.  си/сд/

Остани поврзан