• вторник, 05 ноември 2024

„Њујорк тајмс“ го купи „Атлетик“ за 550 милиони долари

„Њујорк тајмс“ го купи „Атлетик“ за 550 милиони долари
Њујорк, 8 јануари 2022 (МИА) - „Њујорк тајмс“ на својата веб-страница објави дека го презема еден од најголемите светски спортски медиуми „Атлетик“. Зделката, која треба да биде завршена до април оваа година, ќе изнесува 550 милиони долари. Како што е наведено, ова ќе му помогне на „New York Times“ да ја надмине границата од 10 милиони претплатници до 2025 година. Сега има веќе од осум милиони, додека Атлетик има приближно 1,2 милиони претплатници. - Нашата цел е значително да надминеме 10 милиони претплатници. Веруваме дека „The Athletic“ ќе ни овозможи да го прошириме нашиот пазар на потенцијални претплатници, рече извршниот директор на компанијата Мередит Копит Левиен. Атлетик е вториот најголем работодавец за спортски медиуми во Соединетите Американски Држави. Прв е „ESPN“. Сајтот има околу 600 вработени. Претплатата на Атлетик изнесува е 7,99 долари месечно. зс/

Остани поврзан