• петок, 22 ноември 2024

Њусвик: Русија го тестира најголемиот нуклеарен бомбардер на светот Ту-160М“

Њусвик: Русија го тестира најголемиот нуклеарен бомбардер на светот Ту-160М“

Москва, 11 јули 2023 (МИА) - Американскиот магазин Њусвик (Newsweek), повикувајќи се на руски медиуми, јави дека Москва во моментов ја тестира унапредената верзија на најголемиот суперсоничен нуклеарен бомбардер и носач на ракети во светот, Туполев Ту-160М или „Бел лебед“.

Во извештајот на магазинот,  подготвен од дописничката од Москва, се наведува дека руската војска го тестира подобрениот модел на стратешкиот бомбардер Туполев Ту-160М, што ќе биде опремен со понапредно оружје и системи за електронско војување.

Руските државни медиуми го опишаа овој авион како најголем и најмоќен суперсоничен воен авион во светот досега, со променлива геометрија на крилата, се наведува во извештајот.

Серијата Ту-160, позната во НАТО и под името „Блек Џек“ и прекарот „Бел лебед“, е дизајнирана да зафаќа цели на долги растојанија во изолирани области со конвенционално и нуклеарно оружје.

Овој бомбардер, заедно со руските бомбардери Ту-95МС, го сочинуваат главниот дел од можностите на Москва со долг дострел.

Овој авион беше последниот стратешки бомбардер користен од руската војска за време на Студената војна.

Првиот лет го направи во декември 1981 година, а руските власти го рестартираа производството во 2015 година.

Новата верзија на Ту-160 е произведена во 2017 година, а за првпат полета на почетокот на 2018 година.

Ту-160 со четиричлен екипаж може да носи до 12 крстосувачки ракети со нуклеарни способни, како што е Кх-55, што има максимален домет од 3.000 километри, а дострелот на самиот авион е 12.500 километри.

Во извештајот се наведува дека на почетокот на 2023 година Русија имаше девет бомбардери Ту-160 опремени со крстосувачки ракети за нуклеарни напади Kh-55SM, заедно со седум дополнителни модифицирани верзии на авионот.

Моделите Ту-160 често се споредуваат со тешкиот стратешки бомбардер Б-2 Спирит на американските воздухопловни сили или Б-1 Лансер, суперсоничен тежок бомбардер со променлива геометрија.

Фото:ЕПА

Остани поврзан