• петок, 05 декември 2025

Њукасл го реализира трансферот на Џејкоб Ремзи од Астон вила

Њукасл го реализира трансферот на Џејкоб Ремзи од Астон вила

Њукасл, 17 август 2025 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Астон вила, Џејкоб Ремзи, се приклучи на Њукасл, објави веб-страницата на „Свраките“.

Според инсајдерот Фабрицио Романо, цената на трансферот била повеќе од 40 милиони фунти.

Ремзи е производ на Астон вила. 24-годишниот Англичанец одиграл 167 натпревари, постигнал 17 голови и направил 19 асистенции. 

Порталот Transfermarkt ја проценува неговата пазарна вредност на 32 милиони евра. зс/

Фото: ФК Њукасл

Остани поврзан