• недела, 07 јули 2024

Љуботен е шампион во Првата ЖФЛ за сезоната 2023/24

Љуботен е шампион во Првата ЖФЛ за сезоната 2023/24

Скопје, 30 мај 2024 (МИА) - Екипата на ЖФК Љуботен и официјално е шампион во Првата женска фудбалска лига за сезоната 2023/24 со освоени 72 бода, еден повеќе од второпласираната екипа на ЖФК Каменица Саса. 

Од Првата лига испадна тимот на ЖФК Цевитана и во наредната сезона ќе настапува во Втората ЖФЛ.

Шампионот на Втората ЖФЛ, екипата на Атлетико обезбеди директно учество во Првата ЖФЛ за сезоната 2024-2025.

На бараж натпреварот за пополнување на Првата ЖФЛ, екипата на Топ Гол славеше победа со убедливи 6:0 над Вардар и наредната сезона повторно ќе настапува во Првата лига. зс/

Остани поврзан