• недела, 07 јули 2024

Љоренте: Атлетико е гладен за победа, имаме големи амбиции

Љоренте: Атлетико е гладен за победа, имаме големи амбиции
Манчестер, 5 април 2022 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Атлетико, Маркос Љоренте ги сподели своите очекувања за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер сити. - Ниту еден тим не испаѓа по ждрепката, ниту ако ја нема улогата на фаворит. Ќе излеземе да се бориме, каков и да е резултатот. Јасно е дека во првенството имаме добра победничка серија, и мора да ја искористиме. Тимот е гладен за победи, имаме големи амбиции. Ни претстои важен натпревар и тежок противник кој има одлична сезона. Атлетико има јасни идеи. Сигурен сум дека ќе биде одличен натпревар, изјави Љоренте, за официјалниот сајт на УЕФА. Првиот четвртфинален натпревар помеѓу Манчестер сити и Атлетико Мадрид ќе се одигра вечер во Англија и ќе започне во 21 часот Во исто време во Лисабон ќе почне средбата Бенфика – Ливерпул. зс/

Остани поврзан