• понеделник, 23 декември 2024

Јусаф: Израелските власти предлагаат етничко чистење во Појасот Газа

Јусаф: Израелските власти предлагаат етничко чистење во Појасот Газа

Глазгов, 6 јануари 2024 (МИА) - Шкотскиот премиер, Хамза Јусаф денеска ги обвини високите израелски владини претставници дека предлагаат „етничко чистење“ во Појасот Газа со раселување на Палестинците и доведување израелски доселеници.

Шкотскиот премиер им понуди силна поддршка на Палестинците, велејќи дека „често повторуваните коментари на високи израелски претставници кои повикуваат на раселување на Палестинците од Појасот Газа се пример за дефиницијата за етничко чистење“.

-Газа е окупирана палестинска територија и ќе биде дел од идната палестинска држава. Народот на Газа не треба да биде предмет на принудно раселување или преселување... Високи функционери на владата на Нетанјаху кои даваат изјави, искрено, се пример за дефиницијата за етничко чистење. Ова мора најстрого да се осуди, рече Јусаф.

Тој нагласи дека и лидерите на Хамас мора да одговараат за ужасните напади врз израелските цивили на 7 октомври. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан