• четврток, 25 јули 2024

Јунајтед останува заинтересиран за Милинковиќ-Савиќ како замена за Погба

Јунајтед останува заинтересиран за Милинковиќ-Савиќ како замена за Погба
Манчестер, 5 април 2022 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ може да ја продолжи кариерата во Манчестер јунајтед, пишува „Кориере дело Спорт“. Според италијанскиот весник, англискиот клуб може уште еднаш да се обиде да го добие потписот на 27-годишниот Србин, кој би можел да стане замена за Пол Погба доколку го напушти клубот. Милинковиќ-Савиќ оваа сезона забележа 40 настапи за Лацио, постигна девет голови и 10 асистенции. Порталот „Трансфермаркт“ го цени играчот на 70 милиони евра. зс/

Остани поврзан