• четврток, 26 декември 2024

Јужнокорејскиот министер за одбрана понуди оставка, ја презема одговорноста за превирањата

Јужнокорејскиот министер за одбрана понуди оставка, ја презема одговорноста за превирањата

Сеул, 4 декември 2024 (МИА) - Министерот за одбрана на Јужна Кореја, Ким Јонг-хјун денеска и се извини на јавноста за предизвикување загриженост во врска со воведувањето на воена состојба и понуди оставка.

-Ја понудив мојата оставка на претседателот, преземајќи ја одговорноста за сите превирања предизвикани од воената состојба, напиша тој во писмената изјава дадена за јужнокорејските медиуми.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јол прогласи воена состојба вчера „за да ги искорени просевернокорејските сили и да се заштити уставниот поредок“, што предизвика бес кај мнозинството членови на парламентот кои гласаа за резолуција со која се бара укинување на воената состојба. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан