• понеделник, 23 декември 2024

Јужна Кореја ја одржува првата голема воена парада по десет години

Јужна Кореја ја одржува првата голема воена парада по десет години

Сеул, 26 септември 2023 (МИА) - Во Јужна Кореја денеска ќе се одржи првата голема воена парада во последните десет години, за време на која ќе биде прикажано оружје како балистички ракети и напаѓачки хеликоптери како дел од демонстрацијата на сила во време кога Сеул зазема поостар став спрема Северна Кореја.

Како што пренесуваат странските агенции, со парадата се одбележува Денот на вооружените сили на Јужна Кореја, кој обично се слави тивко во споредба со масовните настани организирани од Северна Кореја под лидерот Ким Џонг Ун, кои вклучуваат прикажување на стратешко оружје, како што се интерконтинентални балистички ракети.

„Илјадници војници ќе учествуваат на еднодневниот настан, а ќе бидат изложени јужнокорејски тенкови и самоодна артилерија, како и борбени авиони и беспилотни летала. Ќе им се придружат 300 од вкупно 28.500 американски војници со седиште во земјата“, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана.

Најважниот дел е парадата долга два километра која ќе се движи од главниот трговски и деловен кварт во Сеул до раздвижениот кварт Гангнамун, кој е влезот во палатата во срцето на Сеул.

Во Јужна Кореја последен пат се одржа воена улична парада во 2013 година. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан