Јужна Калифорнија погодена од поплави и лизгање на земјиштето
- Жителите на Јужна Калифорнија кои претрпеа штети од пожарот во населбата Итон сега се погодени од поплави и лизгање на земјиштето поради невремето што ја зафати областа.

Сиера Мадре, 15 февруари 2025 (МИА) - Жителите на Јужна Калифорнија кои претрпеа штети од пожарот во населбата Итон сега се погодени од поплави и лизгање на земјиштето поради невремето што ја зафати областа.
Во четвртокот вечерта, вода, камења и кал се слеваа по планината во градот Сиера Мадре.
Булдожери вчера ги расчистуваа улиците покриени со кал во градот со 10.000 жители. паг/
Фото: ЕПА