• понеделник, 04 ноември 2024

Јужна Африка го тужи Израел пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид во Газа

Јужна Африка го тужи Израел пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид во Газа

Хаг, 29 декември 2023 (МИА) - Јужноафриканската Република денеска поднесе случај против Израел пред Меѓународниот суд на правдата, највисокото правосудно тело на Обединетите нации, за, како што рече, геноцид врз Палестинците во Газа и побара од институцијата да и нареди на еврејската држава да престане со нападите.

Поднесокот на Јужна Африка тврди дека израелските „дејства и неактивности... имаат геноциден карактер“, имајќи предвид дека тие биле преземени со намера „да се уништат Палестинците во Газа како дел од пошироката палестинска национална, расна и етничка група“.

Од Меѓународниот суд на правдата, со седиште во Хаг, Холандија, се бара да донесе времена мерка со која ќе му се наложи на Израел да ги запре своите воени операции во Газа.

Јужна Африка може да ја иницира оваа постапка врз основа на Конвенцијата за геноцид, бидејќи и Израел и Јужна Африка се потписници на таа конвенција. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан