• петок, 22 ноември 2024

Јувентус не сака да му плати на Наполи 15 милиони евра за Милик

Јувентус не сака да му плати на Наполи 15 милиони евра за Милик
Торино, 28 декември 2020 (МИА) - Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик е една од главните трансфер цели на Јувентус во зимскиот преоден рок. Сепак, клубовите сè уште не се во можност да се договорат за трансфер на играчот, објави инсајдерот Николо Скира на Твитер. Наполи бара 15 милиони евра за Милик. Јувентус смета дека оваа сума е превисока за играч во последната година од договорот. „Бјанконерите“ се надеваат дека сепак ќе се договорат со „наполитанците“ за намалување на цената на играчот. Во тековната сезона, 26-годишниот полски репрезентативец нема одиграно ниту еден натпревар, бидејќи не е вклучен во ростерот на Наполи. зс/

Остани поврзан