• понеделник, 23 декември 2024

Јувентус му нуди на Кедира три милиони евра за прекин на договорот, Германецот бара двојно повеќе

Јувентус му нуди на Кедира три милиони евра за прекин на договорот, Германецот бара двојно повеќе
Торино, 29 септември 2020 (МИА) - Јувентус не може да се договори со играчот за врска Сами Кедира да го раскине договорот, којшто е со важност до јуни 2021 година. Триесет и тригодишниот Германец сака да добие обесштетување во висина од шест милиони евра, пренесува „Фудбал Италија“. Од друга страна, клубот му нуди околу 3 милиони, објави новинарот Николо Скира. Претходно се дозна дека за Кедира е заинтересиран ПСЖ. зс/

Остани поврзан