• среда, 03 јули 2024

Јувентус може да го продаде Даглас Коста на Манчестер сити

Јувентус може да го продаде Даглас Коста на Манчестер сити
Торино, 19 јули 2020 (МИА) - Јувентус може да се раздели со напаѓачот Даглас Коста. Бразилецот е трансфер цел на селекторот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола, а Британците се подготвени да се влезат во трка за играчот. Договорот се проценува на 40-50 милиони евра, земајќи ги предвид бонусите, пренесува „Тутоспорт“. Средствата што би ги добил Јувентус планира да ги потроши за купување напаѓач - Раул Хименез од Вулверхемптон или Аркадиуш Милик од Наполи. зс/

Остани поврзан