• понеделник, 23 декември 2024

ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово собира суво лисје за производство на компост

ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово собира суво лисје за производство на компост
Куманово, 5 ноември 2022 (МИА) - Екипите на кумановското јавно претпријатие „Чистота и Зеленило“, деновиве интензивно собираат суво лисје од јавно прометните површини од кои  претпријатието произведува компост, информираа денеска надлежните.
Дневно се изнесуваат од шест до осум метри кубни суво лисје. Од „Чистота и Зеленило“, објаснуваат дека најмногу лисје се собира на локациите каде што има дрвореди и од парковите, улиците, јавните зелено-цветни површини. - Има полемика по однос на ова прашање, има забелешка од некои граѓани зошто се собираат листот од јавните површини, зелените, бидејќи во овој период од годината самиот лист претставува на некој начин украс на градот. Но често се меша со отпадот и ние мораме да го собереме. Дел од граѓаните реагираат дека можеби почесто треба да се собира листот. Јавното претпријатие на неколку дена ги собира листовите од јавно прометните површини и зелено-цветните површини. На некои зелено-цветни површини сметаме дека е потребно да остане, бидејќи подоцна во фаза на разградување тој лист е ѓубриво кое ја потхранува почвата и во пролетта придонесува да имаме појак квалитет на тревата. Го оставаме да се разградува, а подоцна го користиме и како компост, односно ѓубриво кое го нанесуваме на зелено цветни површини коишто ги одржува јавното претпријатие, изјави директорот на претпријатието, Даниел Стојчевски. Тој најави дека интензивно ќе се собираат лисјата, наредниот период  и според проценките на надлежните, најмногу колиина се собира во ноември. Лисјата се прскаат со вода, бидејќи се забрзува процесот на разградување, по што следува ферментирање и преминување во органско ѓубриво. Стручните се надеваат дека наскоро ќе се набави и компостара и црвени глисти кои ќе го забрзаат процесот.
Дел од совесните граѓани собираат лисје и искастрени гранки од површините од пред станбените единици и од дворовите. И лисјата треба да се складираат прописно затворени во кеси и да бидат поставени на видливи места до садовите за смет.ам/ир

Остани поврзан