• понеделник, 23 декември 2024

ЈП „Улици и патишта“ санираат оштетувања на улиците и поставуваат сообраќајна сигнализација

ЈП „Улици и патишта“ санираат оштетувања на улиците и поставуваат сообраќајна сигнализација
Скопје, 12 февруари 2022 (МИА) - Eкипи на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ во текот на вчерашниот ден на булевар „Св. Климент Охридски“ извршија обнова на флексибилни столпчиња на велопатеката, а на потегот од улицата „Загрепска“ до Детската клиника санираа ударни дупки, информира Град Скопје. На улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ во текот на вчерашниот ден се санираа бекатон плочи на тротоарите, а пред пешачкиот премин кај старата меѓуградска станица се подготвува теренот за поставување сообраќајни знаци. На булевар „Босна и Херцеговина“ во делот со улица „Лазар Трповски“, како што наведува Град Скопје, се врши подготовка за семафорска инсталација, додека во општините Бутел, Карпош и Кисела Вода се поставува вертикална сигнализација на повеќе улици и булевари. -Екипите на ЈП „Улици и патишта“ континуирано детектираат и санираат оштетувањата на коловозите на булеварите и на улиците низ градот, а вршат и замена или поставуваат дополнителна сообраќајна сигнализација со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, наведува Град Скопје во соопштението. хс/цр

Остани поврзан