• петок, 22 ноември 2024

ЈП „Стрежево“-Битола ќе гради фотоволтаична централа

ЈП „Стрежево“-Битола ќе гради фотоволтаична централа

Битола, 20 март 2023 (МИА) - ЈП Хидросистем „Стрежево“-Битола потпиша договор за изградба на фотоволтаична централа со компанијата „КМГ ЕО КВАЗАР“ Дооел Скопје, со што стана првото јавно претпријатие во земјава кое гради фотоволтаична централа со сопствени средства.

Според договорот, централата ќе биде изградена и пуштена во употреба за 180 денови, а надзорот ќе го вршат експерти од Техничкиот факултет во Битола.

ЈП Хидросистем „Стрежево“-Битола во моментов стопанисува и со пет мали хидроцентрални од кои исто така се произведува електрична енергија. мт/дма/

Фото: ЈП „Стрежево“-Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан