ЈП „Паркови и зеленило“: Остро го осудуваме вандализмот во паркот „Македонија“
- Екипите на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ - Скопје утрово затекнаа оштетени, искршени и откорнати клупи расфрлени во зеленилото во паркот „Македонија“.
![ЈП „Паркови и зеленило“: Остро го осудуваме вандализмот во паркот „Македонија“](https://new.mia.mk/images/20221113195829_big_730x400_35.webp )
Скопје, 15 август 2022 (МИА) - Екипите на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ - Скопје утрово затекнаа оштетени, искршени и откорнати клупи расфрлени во зеленилото во паркот „Македонија“.
Оттаму реагираат дека за жал, вакви гледки на уништена парковска опрема се сé почеста појава во градот.
- Упатуваме осуда кон ваквото вандалско уништување на поставената урбана опрема низ зеленилото и апелираме истата да се чува како општо јавно добро за сите посетители, наведуваат од претпријатието. мс/са/