• недела, 05 јануари 2025

ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани 45 кубни метри непрописно одложен отпад во Центар, Гази Баба и Чаир

ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани 45 кубни метри непрописно одложен отпад во Центар, Гази Баба и Чаир

Скопје, 3 јануари 2025 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализирале активности за отстранување 45 кубни метри непрописно одложен отпад во скопските општини Центар, Гази Баба и Чаир.

Како што соопштија денеска од ЈП Комунална хигиена-Скопје интервенирано е на улиците „Даме Груев“ и „Васил Ѓоргов“ во општина Центар, каде што се подигнати приближно 15 кубни метри кабаст отпад одложен на јавни и сообраќајни површини. Во општината Гази Баба е отстранета дива депонија лоцирана на улицата Алија Авдовиќ.

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализирало активности и на булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица), каде што во рамките на третата смена се подигнати 20 кубни метри претежно мешан комунален отпад одложен на јавна површина на аголот со улицата Максут Садик, спроти Амбасадата на САД. цр/нд/

Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје

Остани поврзан