• сабота, 23 ноември 2024

ЈП „Градски паркинг“ - Скопје: Нема промена во цените на услугите кои ги нудиме

ЈП „Градски паркинг“ - Скопје: Нема промена во цените на услугите кои ги нудиме
Скопје, 6 октомври 2022 (МИА) - ЈП „Градски паркинг“ – Скопје соопшти дека изминатиов период се соочува со прашања од корисници поврзани со шпекулации за наводна промена на цените на услугите што ги нуди препријатието и поради тоа ја известуваат јавноста дека цените на услугите што ги нудат по сите основи остануваат непроменети и се согласно нивниот ценовник. Од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје потенцираат дека за секоја промена претпријатието навремено ќе ја известат јавноста, а во моментов цените на услугите на пајак службата се непроменети и изнесуваат: 2500 денари за подигнување и пренос на возило до „Депо Пајак“ по налог на овластено лице, 3500 денари за подигнување на возило од зелена површина, 1500 денари за подигнување на непрописно паркирано возило по налог на овластено лице, кога сопственикот се појавува на лице место и самостојно го отстранува, 1000 денари за повик од трето лице за транспорт на едно до 10 возила и 800 денари за повик од трето лице за транспорт на повеќе од 10 возила. Од препријатието апелираат граѓаните и корисниците на нивните услуги да не посветуваат внимание на ваквите шпекулации и за сите прашања да се обратат до нивните служби. рп/сп/

Остани поврзан