• вторник, 14 мај 2024

Јорк: Манчестер јунајтед или Тотенхем треба да го позајмат Лукаку

Јорк: Манчестер јунајтед или Тотенхем треба да го позајмат Лукаку

Лондон, 17 август 2023 (МИА) – Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Двајт Јорк му порача на клубот од „Олд Трафорд“ да го ангажира Ромелу Лукаку.

 

- Лукаку дефинитивно е сеуште доволно добар за да игра во еден од шесте најдобри англиски екипи. Мислам дека МанчестерјЈунајтед или Тотенхем треба да го побараат на позајмица и да му исплатат дел од платата. Тој има многу импресивна статистика, а не ја добива заслужената почит. Ако имате обвинет Лукаку кој сака да игра за вас, тогаш имате играч кој може да донесе победи и да му создава проблеми на секој противник. Лукаку е вистинскиот играч кој постигнува 15-20 гола во една сезона, што е бесценето и ретко. Има само 30 години, го докажа своето ниво безброј пати. Кој и да го земе на краткорочна позајмица, ќе ја направи вистинската работа, изјави Јорк во интервју за OLGB.

 

Лукаку е фудбалер на Челзи кој минатата сезона ја играше во Интер. Ова лето беше поврзуван со Јувентус, но трансферот не се реализира. Белгиецот веќе настапуваше за Манчестер јунајтед, во периодот од 2017 до 2019 година. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан