• понеделник, 01 јули 2024

Јончевски го објави поширокиот список за претквалификациите за Олимпијадата

Јончевски го објави поширокиот список за претквалификациите за Олимпијадата

Скопје, 20 јули 2023 (МИА) - Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Јончевски денес го објави поширокиот список на играчи кои ќе конкурираат за настап на олимпискиот претквалификациски турнир Талин-Гљивице 2023.

 

На списокот на Јончевски објавен денес се наоѓаат: Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ, Ти-Џеј Шортс, Андреј Јакимовски, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, Андреј Маслинко, Стојан Ѓуроски, Дамјан Робев, Виктор Ефремоски, Љубомир Младеновски, Андреј Андоноски, Теодор Симиќ, Андреј Шошкиќ, Резарт Мемед, Марин Петков, Андреј Митревски и Амар Хот.

 

Првиот собир е закажан 24 јули во 18 часот, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. зс/

Остани поврзан